Утрински Весник
Свет

Саливен: САД бараат од Хамас да ги ослободи жените, постарите и ранетите заложници

1707122453 Unnamed File.webp.webp

Белата куќа синоќа ги повика милитантите на Хамас да ги ослободат жените, постарите и ранетите заложници што ги држат во Појасот Газа и да прифатат привремен прекин на огнот во конфликтот со Израел за да се обезбеди потраен крај.

Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, изјави дека шестнеделниот прекин на огнот прифатен од Израел може да се претвори во потраен прекин на непријателствата доколку Хамас ослободи жени, постари и ранети заложници, пренесоа британските медиуми.

Саливан истакна дека Израел ги прифатил условите од шестнеделниот прекин на огнот во замена за ослободување на некои од заложниците кои ги држи Хамас.

Хамас, пак, наведува дека ќе прифати само траен договор за прекин на огнот што вклучува повлекување на израелските трупи од Појасот Газа, а не уште едно привремено примирје.

Според последниот предлог, Израел треба да ги ослободи палестинските затвореници во однос 10 спрема еден на бројот на ослободените заложници.

На 7 октомври Хамас зеде најмалку 200 заложници и уби околу 1. 200 лица во нападот врз јужен Израел.

За време на еднонеделното примирје кон крајот на ноември, Хамас ослободи повеќе од 100 израелски и странски заложници во замена за ослободување на околу 240 палестински затвореници од затворите во Израел.

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење