Утрински Весник
Македонија

Јавниот обвинител Коцевски на средба со заменик амбасадорот на Холандија

Picture 560.webp.webp

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска се сретна со заменик амбасадорот на Кралството Холандија во нашата земја Роберт Декер со кого разговараше за приоритетите и предизвиците во работата на јавните обвинителства, соопшти Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Коцевски се осврнал на процесот на дигитализација и подготовка на новиот систем за управување со предметите во Јавното обвинителство, како и планираните активности за јакнење на транспарентноста на институцијата и на интегритетот на јавните обвинители, како области кои Кралството Холандија веќе ги поддржува со свои активности. -Свесни сме за својата улога и навистина сме подготвени да работиме многу и посветено, меѓутоа ќе бараме и ваша поддршка во насока на тоа да ни се даде вистинското место во системот и да ни се овозможат сите услови за работа со цел да можеме да испорачаме резултати, рекол  Коцевски на средбата. Тој ги запознал со предизвиците со кои се соочува Обвинителството од материјален, кадровски и законски аспект. Заменик-амбасадорот Декер, пак, истакнал дека Холандија континуирано дава поддршка и се залага за обезбедување на соодветни ресурси за правосудството, вклучително и Јавното обвинителство, а, како што нагласил, ќе продолжи да ја испраќа таа порака и во иднина.

Можете да прочитате

Кај село Миравци пронајдена удавена жена

Полицијата ќе ја проверува работата на „Државна лотарија“

Камбовски: Невозможно е да постојат две национални академии во една држава