Утрински Весник
Магазин
Img 7972

Полицаец од Австралија на свршувачката се лизнал, паднал и починал

A63c85a6 7244 4764 bffe 896f6815e614 1.webp.webp
Img 7972

Британец кој се преселил во Австралија за да стане полицаец, починал за време на свршувачката откако се лизнал и паднал на земја, при што ја отсекол каротидната артерија, пишува Индипендент. Трагедијата се случила во Западна Австралија.

Лијам Тример (29) почина во неделата во својот дом во Западна Австралија додека се забавуваше со пријателите и семејството. Толпата се обидела да го спаси младиот полицаец, но тој не можел да се спаси. Тример починал од обилно крварење непосредно пред брзата помош да пристигне на местото на настанот, соопшти полицијата.

Неговите колеги од полицијата го опишуваат Тример како „извонреден полицаец кој сакал да и помага на заедницата“. Истрагата за смртта на 29-годишникот е покрената бидејќи не е јасно како паднал и се здобил со смртоносна повреда на вратот.

Тример се преселил во Австралија од Велика Британија во 2013 година и дипломирал на полициската академија Joondalup. После тоа се преселил во градот Калгорли. Тој се приклучил на Одредот против банди и на тимот за тактичка реакција во тие сили и станал еден од истакнатите членови на локалната заедница, пишува Индипендент.

Телото на Тример е испратено на обдукција, соопштија властите.

Можете да прочитате

„Ем-ти-ви“ затвора свои канали во Велика Британија и неколку други земји

Научниците открија истекување на метан на морското дно кај Антарктикот

Ина реагираше на поддршката од група лекари за неврологот Кузмановски: „Лекарската комора има неповторлива можност да застане сега со осигурениците