Утрински Весник
Балкан

Во БиХ и Хрватска уапсени 19 шверцери на мигранти, меѓу кои и жена водач на бандата

O 1911315 1024.jpg

Европол објави дека опсежната истрага во која биле вклучени полициите на неколку земји и правосудните органи на Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија, со поддршка на Германија, довело до разбивање на мрежата на шверцери на мигранти низ т.н. балкански рути.

Во клучните акции на 24 јануари и 6 февруари беше уапсена жена од БиХ, која водела мрежа на шверцери, соопшти Европол.

Европол објави дека се приведени 18 членови на значајна криминална организација, девет во БиХ и девет во Хрватска.

Претресени се и десет локации во БиХ и Хрватска, при што се одземени автомобили, електронска опрема и пари во износ од околу 65 илјади евра.

Како што е наведено на веб-страницата на Европол, во акцијата е уапсена жена, која е идентификувана како водач на мрежа на шверцери на мигранти.

Како што соопшти Европол, од минатата година границата Босна и Херцеговина-Хрватска е втор најкористен премин за криумчари во Западен Балкан.

-Во оваа година шверцерите дополнително ги интензивираа активностите на релација БиХ-Хрватска-Словенија. Тој граничен дел сега е на рута која главно се користи за криумчарење мигранти од Балканот кон Западна Европа – соопшти Европол.

-Мигрантите беа превезувани меѓу БиХ и Хрватска, криејќи ги во скриени области во модифицирани вагони. Мигрантите биле скриени под подовите на автомобилите, поради што транспортот бил исклучително опасен. Во текот на истрагата и пред оваа акција, хрватските власти уапсија 28 осомничени шверцери. Властите открија инциденти со шверц поврзани со оваа мрежа. При овие пресретнувања пронајдени се повеќе од 360 мигранти – се наведува во текстот.

Потоа, мигрантите беа водени да ги преминат границите на ЕУ главно пеш. Откако мигрантите ја преминале границата, шверцерите понатаму ги превезувале со автомобили, комбиња или камиони. Истрагата доведе до идентификување на неколку мрежи кои работат во регионот. Европол наведуваат дека лидерите на овие мрежи живеат во околните земји, но и во Германија и Турција.

Како што е наведено, оперативното разузнавање сугерира дека на Балканот се активни околу 40 мрежи за криумчарење луѓе.

Можете да прочитате

Уапсено уште едно лице поради уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад

Рама на средба со албанската дијаспора во Лондон, пречекан со протест

Детали за експлозијата во Хрватска: Бомба му експлодирала во рака на забава – Почина 25-годишник, четири лица, меѓу кои и малолетничка, се тешко повредени