Утрински Весник
Македонија

Возило на АРМ излета од пат во Косово

1.12.jpg

Во текот на вчерашниот ден (11.03.2024 година) во вечерните часови за време на извршување на доделените задачи во рамки на операцијата на НАТО – КФОР во Косово се случи лесна сообраќајна незгода во која има незначителна материјална штета на возилото (скинати гуми) без било какви последици на возачот.

Имено, за време на извршување на редовна патрола од страна на припадници на Армијата со воено моторно возило во состав на нашиот контингент во зоната на одговорност во регионалната команда запад, поради лошите временски услови (слаба видливост и лизгав коловоз) возачот изгубил контрола поради што возилото излегло од патот во канал за наводнување.

Како дел од стандардните оперативни процедури, со подршка на италијанскиот контингент во чиј состав ги извршуваме задачите во регионалната командда запад, моторното возило е извлечено и транспортирано до базата каде по неопходна интервенција ќе биде повторно вклучено во извршување на задачи во склоп на мисијата.

Можете да прочитате

Обвинителството побара доживотен затвор за Трајче Бојковски, пресудата ќе биде изречена на следното рочиште

Затнат одвод во тоалет во студентскиот дом „Стив Наумов“ од фрлени влажни марамчиња, Јаневска повика на совесност и грижа кон јавните добра

Уапсен арачиновец во Липково, превезувал огревни дрва без документација