Утрински Весник
Спорт

Во Камерун суспендирани 62 фудбалери поради лажни датуми на раѓање

Kamerunec 696x468 1.jpg

Камерунската фудбалска Федерација соопшти денеска дека суспендирала дури 62 фудбалери и тоа сите поради лажирање на нивните години. Најпознат меѓу суспендираните е Вилфред Натам Дуала, кој настапи за Камерун на неодамнешниот Куп на африканските нации. Дуала привлече внимание пред стартот на Африканскиот куп кога доби дебитантски повик во репрезентацијата, а беше пријавен дека е на 17-годишна возраст. Сите суспендирани фудбалери во моментов настапуваат во камерунската лига. Најмногу играчи кои ги фалсификувале своите датуми на раѓање доаѓаат од клубот Спорт Академи, вкупно 13. По седуммина играчи се суспендирани од камерунските прволигаши Викторија Јунјатед и Фортуна.

Можете да прочитате

Рутинска победа на Реал кај Леганес

Дебакл на Хрватска во БиХ, Хрватите ќе останат без место на ЕП

Повредата на Димитријевиќ не е сериозна: Беше само силен грч , се ќе биде во ред набрзо