Утрински Весник
Свет

Кина ги зголемува трошоците за одбраната

20240311110626 big 730x400 27.webp.webp

Кинескиот Парламент, Народниот национален конгрес денеска одобри зголемување на трошоците за одбраната од 7,2 отсто.

Како што се приближуваше крајот на еднонеделната конференција на Народниот национален конгрес, околу 2.900 пратеници го одобрија годишниот буџет, кој оваа година исто така предвидува зголемување на трошоците за одбрана од 7,2 отсто до 1,67 милијарди јуани (232,4 милиони долари).

Обновеното засилување доаѓа откако комунистичкото раководство уште еднаш издаде строго предупредување за демократски Тајван, при што кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји ги предупреди другите земји минатата недела да не се мешаат во спорот на Пекинг со самоуправната островска држава.

Можете да прочитате

Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене

Администрацијата на Трамп намалува уште 450 милиони долари од финансирањето на Харвард

Подољак: Зеленски нема да се сретне со никој друг во Истанбул, освен со Путин