Утрински Весник
Македонија

Поради обид за убиство на Бит Пазар двајца напаѓачи завршија во притвор

Policija 780x470 1.jpg

СВР Скопје до надлежното Обвинителство денеска поднело кривична пријава за обид за убиство против пет лица. Настанот се случил на 8 март, околу 19 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, кога петте лица, според пријавата, со остар и тврд предмет го нападнале М.А.(33) од Скопје и му нанеле тешки телесни повреди. Во полициската акција по инцидентот биле прведени С.Е.(30), И.Е.(27), Х.Е.(48), Б.Е.(23), сите од Скопје, а денеска е приведен и Ј.Б.(20) од Скопје. Двајца од приведените (С.Е. и Х.Е.) им е определен 30-дневен притвор, а на И.Е. и Б.Е. им е одреден домашен притвор.

Можете да прочитате

СДСМ: Јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар, кој потпишал и кој гарантира дека е безбедна?

15 годишно дете на мотоцикл повредено во сообраќајка во Охрид

Функционери се напија вода од чешма во Гостивар