Утрински Весник
Магазин

Рузмарин – чудесно растение со бројни лековити својства

189005 Shutterstock 570731473 Share.jpg

Рузмарин, чие латинско име е Rosmarinus officinalis, е вистинско богатство на здравјето.

Флавоноиди, рузмаринска киселина, антиоксиданси, сапонини, танини кои се дел од листовите на рузмаринот имаат антисептички, антиревматски, антиневралгични и антихипертензивни својства.

Една студија ја докажа моќта на рузмарин кај остеоартритис. Освен што ја намалува болката во зглобовите, ова опојно растение го смирува нервниот систем со својот мирис, ги ублажува главоболките, анксиозноста и го намалува нивото на кортизол, хормонот на стресот, тврдат научниците.

Освен тоа, рузмаринот има и дитерпен, за кој се вели дека е можна терапија за Алцхајмерова и Паркинсонова болест. Со своето антиоксидантно и антиинфламаторно дејство, овој фенол може да помогне и при невродегенеративни процеси кои се карактеристични за овие сериозни болести и ја стимулира циркулацијата во мозокот. Дури и само есенцијалното масло од рузмарин може да биде доволно за подобрување на когнитивните функции и подобрување на меморијата со неговиот мирис. Научно е докажано дека чајот од рузмарин или водата од рузмарин имаат одличен ефект врз цереброваскуларното здравје. Една студија на средношколци докажа дека античките грчки студенти знаеле што прават: рузмаринот ја подобрува краткорочната меморија и нумеричката меморија, што е корисна информација и за родителите и за учениците.

Чајот од рузмарин ги има истите ефекти како есенцијалното масло, само во поблага форма. Содржи антиоксиданси кои го штитат нашето тело од слободните радикали и оксидативниот стрес и воспалението што може да доведе до сериозни хронични заболувања, вклучувајќи коронарна срцева болест, дијабетес и рак.

Чајот има и антимикробни својства, го намалува нивото на шеќер во крвта, придонесува за виткост, ефикасен е против болки, одличен лек за дигестивниот систем, го подобрува варењето, а има уште едно многу корисно и важно својство: рузмаринот спречува макуларна дегенерација.

Карнозинската киселина придонесува за здравјето на окото, заштитувајќи ја рожницата од дегенерација и оштетување предизвикано од светлина или како резултат на возраста. Затоа, рузмаринот како лек делува на сите фронтови, без разлика дали во домот имаме масло од рузмарин, чај од рузмарин или некој зачин.

Можете да прочитате

Крцкаво пилешко мевце, се приготвува многу лесно, а тајната е во една состојка

Новинарката од “Здраво Македонијо” се онесвести во познат скопски локал – Ги бара докторките кои несебично и притрчале на помош

Три хороскопски знаци кои ги обвинуваат другите за сè лошо што им се случува