Холандскиот фудбалски клуб Ајакс во јуни ќе смени половина тим, бидејќи на трансфер листата ќе се најдат најмалку девет играчи, информира добро информираниот весник „Де Телеграф“.
„Во јуни, дури девет од 13-те играчи кои минатото лето беа донесени од спортскиот директор, кој подоцна беше разрешен, Свен Мислинтат, ќе бидат на продажба“, пишува угледниот дневен весник.
Како што се наведува, вишок се Јосип Шутало, Борна Соса, Јаков Медиќ, Георги Микаутадзе, Карлос Форбс, Гастон Авила, Чуба Акпом, Бенџамин Тахировиќ и Антон Гаи, а од новите играчи на трансфер листата неодат само Сиверт Мансверк, Диант Рама и Бран ван ден Бумен.
На крајот на минатата сезона Ајакс ги загуби долгогодишниот капитен Душан Тадиќ, како и Дејви Класен и Мохамед Кудус, а резултатите сезонава се исклучително лоши.
Клубот е на петтото место во холандскиот шампионат, со дури 30 бода помалку од лидерот и најлут ривал Феенорд.
Тимот беше елиминиран од холандскиот куп од третолигашот УСЦ Херкулес, а се уште настапува во Конференциската лига, каде по нерешениот резултат 0:0 на првиот натпревар во четврток, ќе го одигра реваншот против Астон Вила во Бирмингем.