Фудбалерот на Баерн Минхен, Хари Кејн го постигна својот четврти хет-трик во германската Бундеслига.
Напаѓачот на Баерн погоди три пати на денешниот натпревар од 25. коло против Мајнц (8:1).
Претходно сезонава Англичанецот постигна хет-трик во натпреварите против Бохум (7:0), Дармштад (8:0) и Борусија Дортмунд (4:0).
Кејн стана првиот играч во историјата на Бундеслигата со четири хет-трика во неговата дебитантска сезона.
Во сезоната 2023/24, Кејн постигна 30 гола на 25 натпревари во германскиот шампионат. Пред него, во дебитантската сезона во Бундеслигата, само Уве Зелер успеа до вакво достигнување во сезоната 1963/64.