Утрински Весник
Македонија

Ристо Никовски за ВМРО-ДПМНЕ: Би сакал да има подобар лидер и подобар кандидат за претседател, ама едно се нашите желби, а друго е реалноста!

75c2714a 77df 475a B068 4706538bb460.jpg

На гостувањето во подкастот на проруската партија „Родина“, поранешниот амбасадор во Москва Ристо Никовски тврдеше дека партијата ВМРО-ДПМНЕ се истрчала со изборот на кандидат за претседател и не го исполнила дадениот збор дека ќе го бираат меѓу повеќе кандидати на конвенција: „Тие избрзаа и тоа што го ветија не го направија. Ветија дека ќе има повеќе кандидати. Напротив, со еден кандидат излегоа. Тоа е нивна одлука“, рече Никовски.

Водителот Томче Ширков, Заменик Претседавач на Претседателството на Родина Македонија, го обвини ВМРО-ДПМНЕ дека сега пере раце од „независната“ Данела Арсовска, а повторно поддржува независна кандидатка која не е член на партијата:

Ширков: „ВМРО баш како Понтиј Пилат пере раце. Не знам, велат, граѓаните ја гласаа таа е независен кандидат.“

Никовски: „Тоа не е точно. Да не беше ВМРО таа немаше никогаш да победи.“

Ширков: „А, така, буквално во центар.“

Никовски: „Одговорноста за Данела како градоначалничка на Скопје е на ВМРО. Тоа, јас мислам дека никој не го негира и никој не го игнорира тоа“.

Понатаму, Никовски укажа дека тој лично би сакал да има опозиција со подобар лидер, ама дека едно се желбите, а друго е реалноста: „Јас би сакал да биде поинаква, јас би сакал да има подобар лидер, да има подобро извршно биро, ама тоа е тоа. Едно е што се наши желби и соништа а друго е реалноста“, изјави Никовски.

За Ширков кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ е „неподобна“ затоа што „не сака дури ни да стане член на ВМРО-ДПМНЕ“, и затоа што „играла за Сорос“.

Можете да прочитате

Штип остана без струја – наставата во училиштата е прекината

Неработни денови за 2025 година

СДСМ во среда избира нови секретари и потпретседатели: Ќе има ли изненадувања?