Утрински Весник
Свет

Камерон против испраќање западни сили во Украина, дури и за воена обука на Украинците

De Vid Kameron 1.jpg

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон денеска изјави дека е против испраќање западни трупи во Украина, дури и за обука на војници таму, пренесе Бета.

Во интервју објавено денеска за германскиот дневен весник „Зидојче цајтунг“, Камерон нагласи дека „треба да избегнеме создавање очигледни цели за (рускиот претседател Владимир) Путин“.

Министерот рече дека е подобро да се обучуваат украински војници во странство и изјави дека во Велика Британија се обучени 60 илјади украински војници.

На 26 февруари, францускиот претседател Емануел Макрон го вознемири светот бидејќи во принцип одби да ја исклучи можноста за испраќање западни трупи во Украина, забележува Бета.

Британската влада еден ден подоцна соопшти дека испратила „мал број“ персонал во Украина „за поддршка на украинските вооружени сили, особено во однос на медицинската обука“ и дека не планира големо распоредување.

Францускиот министер за одбрана Себастиен Лекорну вчера изјави дека нема дискусија за испраќање „копнени борбени трупи“ во Украина.

Лекорну додаде дека треба да се разгледа помош за деминирање во Украина и „за обука на украински војници на украинска територија“.

Камерон изјави денеска дека има потреба од оружје со долг дострел за поддршка на Украина и напомена дека тоа треба да и помогне на Германија да ја надмине својата „неподготвеност“ да и достави на Украина ракети Таурус со долг дострел, кои ќе и овозможат да погоди цели длабоко во териториите на Русија.

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков