Утрински Весник
Балкан

Вучиќ: Изборите во Белград може да се одржат на 28 април или на 5 мај

Vuchi .webp.webp

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека изборите во Белград може да се одржат на 28 април или на 5 мај, кога е Велигден, јави дописникот на МИА од Белград.

– Ако претседателот на српскиот Парламент се избере на 11, 12 или 13 март, не е важно, изборите мора да се одржат до 11 или 12 мај. Значи тие можат да се одржат на 28 април, во законскиот рок помеѓу 45 и 60 дена. Па може да бидат на 28 или на петти. А на петти е Велигден. Сакате да имаме избори на Велигден?, истакна Вучиќ.

Тој коментирајќи ги барањата на опозицијата да не се одржат изборите на 28 април поради празникот, тој кажа дека мора да се почитуваат законските норми и додаде дека опозицијата не дошла на консултации кај претседателот на Републиката да побара нешто.

Тој ги отфрли обвинувањата на опозицијата за изборни манипулации, посочувајќи дека Србија е единствената земја во светот која ја повика ОДИХР на локални избори.

– Ако веруваа дека изборите се украдени, ќе излезеа скокајќи од радост, бидејќи ние сме единствената земја што некогаш го поканила ОДИХР да присуствува на локалните избори. На секое избирачко место ќе има трипати повеќе набљудувачи. Јасно им е дека немаше кражба. И јасно им е дека за да победиш на избори треба да ја добиеш довербата од народот, рече Вучиќ.

Тој додаде дека ќе му честита на секој што ќе победи на изборите, но дека никогаш, како што рече, нема да ги прифати лагите и измамите, кои, според него, се дел од геополитичките игри во кои сакаат да ја уништат Србија.

Тој ги коментираше обвинувањата на одредени медиуми дека жители од Мала Крсна се доселуваат во Белград за да гласаат на претстојните белградски избори и рече дека во последните 72 часа во Белград се преселиле еден до двајца согласно законските услови.

Исто така, тој ги предупреди сите членови на Српската напредна странка (СНС) дека ќе бидат законски санкционирани доколку се обидат да направат каква било измама поврзана со изборите.

Вучиќ истакна и дека е задоволен што се прифатени две препораки на ОДИХР и што е започната нивната имплементација.

– Едната се однесува на јавниот простор, сите партии да имаат право, сите учесници на изборите ќе имаат исто право да го користат секој јавен простор, секоја зграда, секој центар на културата, сите под исти услови. И таа контакт група беше дадена преку Министерството на локалната самоуправа, како и на кој начин тоа да се регулира, изјави српскиот претседател. 

Можете да прочитате

Рама на средба со албанската дијаспора во Лондон, пречекан со протест

Детали за експлозијата во Хрватска: Бомба му експлодирала во рака на забава – Почина 25-годишник, четири лица, меѓу кои и малолетничка, се тешко повредени

Голем протест на пензионерите во Атина