Утрински Весник
Свет

Русија побара седница на СБ на ОН за Украина

Sovetot Za Bezbednost Na Obedinetite Nacii Scaled.jpg

Заменикот на постојаниот претставник на Русија во Обединети нации, Дмитриј Пољански изјави дека Москва побарала на 22 март да се одржи седница на Советот за безбедност на ОН посветена на Украина.

Тој оцени дека голем број неодговорни европски политичари сакаат ескалација на украинскиот конфликт и да го доведат на ново ниво, односно веќе не индиректен, туку директен конфликт меѓу Русија и НАТО.

Полјански смета дека е тешко да се протолкуваат зборовите на францускиот претседател Емануел Макрон за потребата од распоредување на трупи на НАТО во Украина за да се спречи колапсот на режимот во Киев.

Рускиот дипломат оцени и дека неодамнешниот пресретнат разговор на германски офицери за испорака на ракети Таурус во Украина и можноста за бомбардирање на мостот на Крим потврдува дека американски, британски и европски војници веќе се на територијата на Украина и ѝ помагаат на украинската армија.

– За сите овие прашања сакаме да разговараме со нашите западни колеги на 22 март, на посебна седница на СБ, потенцира Пољански.

Можете да прочитате

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд

Кендал: Земјите-членки на НАТО се вовлечени во „скриена кибервојна“ со Русија