Утрински Весник
Спорт

Барселона одбила понуда од 200 милиони за Јамал

2069240901.0.jpg

ПСЖ се подготвува за заминувањето на Килијан Мбапе. Напаѓачот, како што пренесоа водечките светски медиуми, тој ќе ја продолжи кариерата во Реал Мадрид. Во изминативе 30 дена, медиумите шепкулираа со неколку фудбалери како можни наследници на Мбапе. Во саботата „Марка“ откри дека ПСЖ му фрлиле око на вундеркиндот од Барселона, Јамин Џамал.

Тинејџерот, кој се уште нема 17 години, синоќа со својот гол и донесе победа на Барселона против Мајорка.

„Марка“, тврди дека ПСЖ подготвиле понуда од 200 милиони евра. Според овој извор челниците на Барселона ја одбиле понудата.

Интересно, тоа би бил втор најголем трансфер во историјата на фудбалот, а првиот го држи Нејмар, кој тргна по истиот пат, од Барселона во ПСЖ за 222 милиони евра.

Агентот на Јамал, Жорге Мендеш, оваа недела беше виден во Барселона, многумина мислеа дека станува збор за преговори околу купување или нови позајмици на Жоао Феликс и Жоао Кансело, но тој имал состанок со Џоан Лапорта за ја испорача понудата на ПСЖ за Јамал.

Сепак, во Каталонија се свесни дека Јамал е иднината на фудбалот и Барселона и немаат намера да го продадат.

Сезонава Јамал постигна шест гола и запиша уште седум асистенции, а дебитираше и за шпанската репрезентација за која на четири настапи постигна два гола.

Моментално „Трансфермаркт“ го проценува на 60 милиони евра.

Можете да прочитате

Најдобриот во светот загуби, па направи хаос

Маршан победи со олимписки рекорд, Мартиненги ја прекина доминацијата на Пити

Јапонија и Австралија најуспешни по вториот ден на Олимписките игри