Утрински Весник
Балкан

Брнабиќ: Дачиќ ќе претседава со Владата на Србија до изборот на нова влада

Brnabi .webp.webp

Првиот вицепремиер Ивица Дачиќ ќе претседава со Владата на Србија до изборот на нова влада, изјави денеска премиерката на Србија Ана Брнабиќ, која е предложена за нова претседателка на српскиот Парламент, јави дописникот на МИА од Белград.

– Вчера одржав седница на Владата, донесовме неколку важни одлуки и заклучоци. Се поздравив со министрите, а Дачиќ ќе претседава со Владата на Србија, изјави Брнабиќ за ТВ Прва.

Претседателот на Србија и член на СНС, Александар Вучиќ пред три дена изјави дека на седницата на Претседателството на СНС кое го има мнозинството пратеници во Собранието, било договорено Брнабиќ да биде кандидат за претседател на Собранието на Србија.

Таа, по седум години на чело на Владата на Србија изјави дека функцијата претседател на Народното собрание, за која е предложена, ќе биде голем предизвик за неа.

– Ова сега е сосема друга работа и почнувам да учам од вечерва, изјави Брнабиќ. 

Можете да прочитате

Вонредните парламентарни избори на Косово закажани за 7 јуни

Во март Србија ја посетиле најмногу туристи од Русија и од Северна Македонија

Сонце, песок и 2.000 години историја: Преглед на античката ривиера на Анталија