Утрински Весник
Македонија

Битиќи: Родово сензитивните политики не се работа на ексклузивност, туку на фокус, а во фокусот е неискористениот потенцијал на жените

08032024 Vrsm Denot Na Zenata 3 Scaled.jpg

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска се обрати на трибината „Гласна и храбра – ти ја продолжуваш борбата”, огранизирана по повод 8 ми март. Во своето обраќање Битиќи истакна: -Драго ми е дека денеска овој панел е во овој состав, затоа што опфаќа голем општествен обрач кој би требало заедно да работи кон унапредување и развивање на потенцијалите кои лежат во жените. Денешните претходни панелисти зборуваа многу за тоа што е направено, направено е многу, затоа денеска нема да зборувам инспиративни мотивирачки пораки, не денеска, не кон жените. Верувам дека тој дел од развојот е веќе поминат, време е да зборуваме, прво, сите заедно, а потоа и на начин кој ќе не води кон конкретни чекори за акцентирање и креирање на простор за женскиот потенцијал. Затоа што тој е тука и е охрабрен. Она што е потребно да продолжиме да развиваме е фер бизнис мегдан каде жените ќе може да се појават.   И со тоа, мора да доаѓа и разбирањето дека родово сензитивните политики не се работа на ексклузивност, туку на фокус, а во фокусот е неискористениот потенцијал на жените. Она што е сигурно е дека на бизнисот, на нашата економија и се неопходните квалитетите на жените и факт е дека додека се обидуваме да дојдеме до поголем пазар на труд, во нашата земја, се уште, скоро половина од жените се надвор од пазарот на труд. И на ова мора да продолжиме да работиме да го менуваме.
За соодветен одговор, прво ни се потребни родово сензитивни податоци. Сакам да го поздравам инкорпорирањето на родовите статистики кои ги воведе Државниот завод за статистика. Тие се исклучително важни.  Јас сум економист кој работи со бројки и верувам во политики и мерки базирани за докази. Мораме да знаеме за кого, што и каде правиме. Овие податоци се исчекор во правилната насока но мора дополнително да се развиваат и на тоа ќе го продолжиме. Ова не води до следниот чекор а тоа e да продолжиме да креираме специфични мерки, затоа што не верувам во решенија кои одговараат на потребите на сите.
Не сакам да се повторувам од претходните панелисти, ние веќе имаме направено многу за позитивната поддршка или позитивна дискриминација. Следно каде треба да го ставиме фокусот е да видиме какви бизниси отвораат жените, посебно оние кои се поддржани со владините програми и да продолжиме со засилена едукација, развој, поддршка и иновации за развој на жените и бизнисите кои тие ги отвораат и водат. Поддршката и промовирањето на жените во бизнисот не само што придонесува за намалување на родовата нееднаквост, туку ќе ја подобри и  севкупната продуктивност и конкурентност на економијата. Бизнисите предводени и основани од жени даваат приоритет на социјалната одговорност, благосостојбата на вработените, на одржливите практики, со позитивно влијание врз развојот на целокупната корпоративна култура. Системската поддршка е тука. И ние имаме завршено голем дел од оваа работа. Родово сензитивните политики се тука, она што ни недостига е развој на свеста и отвореност да се промениме во позитивен правец. Каде паѓа товарот на одржување на домаќинствата и грижата за домот и децата? Само за пример ќе ги земам мерките кои ги донесовме во корона кризата, кои беа системски родово сензитивни. Една од нив гласеше дека додека децата не одеа на училиште, еден од родителите, повторувам еден од родителите може да остане дома. Кој остануваше дома? – во најголем број случаи, тоа беа и секогаш се, жените. Промената на оваа свест и јасно искажаната намера за тоа каде мораме да работиме е клучно за следната фаза на развој на општеството. Иако системот поддржува подеднаква поделба на трудот и одговорноста за грижа на децата и домот, товарот се уште паѓа кај жените. Разговорот за оваа рамноправност мора веќе да се прелие и во разговор со бизнис секторот. Затоа сум среќен дека и Владанка е денеска тука, која верувам дека точно знае за што зборувам. Да ја тргнеме оваа стега од патот на кариерниот развој на жените. Да ги поделиме обврските, со тоа што ќе ја тргнеме стигмата. Често разговорот за еднакви права се сведува на разговор на истите кругови. Истиот круг на активистки и активисти, граѓанскиот сектор и ние како претставници на креатори на политики. Но еве, исчекорот од тој круг е направен. Родово сензитивните политики во најголем дел ги имаме, јас верувам дека нашата земја, посебно во последните неколку години ги има. Поттикот, охрабрувањето и поддршката се тука, ги има. Сепак, што е тоа што стои на патот… свеста. Развој на свеста кај секој од нас. На секојдневието на жените кое тие го носат како товар. Кој тие толку долго и толку храбро секогаш го носат што е влезен во „нормално” функционирање што не го препознаваме како пречка која треба да ја отстраниме. Горд сум што системските закони за заштита од дискриминација, истанбулската конвенција, правичната застапеност, родово сензитивни политики и правото на еднакво вреднување на трудот се реализирани во нашата држава. И ова е факт. Но, мораме да продолжиме да се бориме со сите овие пречки кои се реалност, но не и факти. За ова сите мораме да бидеме гласни. Јас ви ветувам дека секогаш ќе бидам вашиот глас. Гласен со вас и за вас, ќе се борам да бидете на секоја маса каде што се носат одлуки, за вашата финансиска независност, вклученост во пазарот на трудот и еднаквост во домот. Борбата продолжува додека сите, сите не сме еднакви.

Можете да прочитате

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер

(Видео) Започнува нова епизода на подкастот Зрак со д-р Марина