Утрински Весник
Македонија

Пендаровски го прими генералниот директор на Царинската служба на Република Кореја, Кванјанг Ко

Foto 2 2.jpeg

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими генералниот директор на Царинската служба на Република Кореја, Кванјанг Ко.

На средбата се разговараше за соработката меѓу царинските управи на двете земји, тековните активности и проекти, како и за плановите и проекциите за потребите на македонската Царинска управа и можностите за помош од Корејската царина.

Директорот на Царинската служба на Република Кореја, Кванјанг Ко го информираше претседателот Пендаровски за официјалниот старт на проектот за грант од 4.8 милиони долари за Царинската управа на Република Северна Македонија. Овој проект ќе овозможи систем чија цел е генерирање повисоки приходи во буџетот и борба против криминалот и корупцијата, а подразбира имплементација на хардвер и софтвер за податочен склад и користење алатки за вештачка интелигенција за обработка на податоците во насока на откривање можни ризици.

Претседателот Пендаровски ги поздрави заложбите и соработката меѓу двете царински управи и посочи дека таа успешна соработка е пример кој треба да се следи и во другите области на економијата. Претседателот изрази благодарност за досегашната помош од Република Кореја во насока на градење на капацитети на македонската царинска управа и нагласи дека од тие проекти значаен бенефит имаат малите и средни претпријатија во однос на поширок пристап до странските пазари.

Можете да прочитате

МЖСПП: Советничката Ирена Витина подобро да се информира, пред да изнесува невистини во јавност 

Кузмановска: Ракот не погодува само еден – туку целото семејство

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола