Утрински Весник
Свет

Столтенберг: На 8 Март им оддаваме почит на сите жени кои го обликуваа и зајакнаа НАТО 

Stoltenberg.jpg

– Премногу често и на многу места, жените се соочуваат со нееднаквост и неправда и тие се главни жртви на вооружените конфликти, затоа денеска им оддавам посебна почит на храбрите жени на Украина, кои продолжуваат да се борат за своите семејства, нивната слобода и својата иднина, порача генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг по повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март.

 – На Меѓународниот ден на жената, им оддавам почит на големиот број жени кои го обликуваа и зајакнаа НАТО од основањето на нашата Алијанса пред 75 години.

Нивната издржливост, пожртвуваност и посветеност беа најважни за нашиот успех.

Поминавме долг пат во интегрирањето на родовите перспективи во нашите политики и операции, но нашата работа е далеку од завршена, наведе Столтенберг во пораката.

 Според него, одбележувајќи го Меѓународниот ден на жената, НАТО повторно се обврзува на агендата за жените, мирот и безбедноста.

 – Мора да продолжиме да ја зајакнеме улогата на жените во безбедноста и одбраната, да обезбедиме еднакви можности за лидерство и да поттикнеме поправеден и инклузивен Сојуз.

Искористувајќи го целосниот потенцијал на сите наши луѓе, ќе продолжиме да го правиме НАТО посилен, додаде Столтенберг во пораката.

 По повод 8 Март, повици за поголема застапеност на жените во вооружените сили и на раководни позиции и за промоција на родовата еднаквост во политиките и мисиите на Алијансата, упатија и претседавачот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Роб Бауер и специјалната претставничка на Пактот за жени, мир и безбедност, Ајрин Фелин.

Можете да прочитате

Кендал: Земјите-членки на НАТО се вовлечени во „скриена кибервојна“ со Русија

Најмалку шест луѓе загинаа во вооружен инцидент во дискотека во Мексико

Песков: Бајден ги саботира мировните планови на Трамп за Украина