Утрински Весник
Свет

Светските цени на храната во февруари се најниски во последните три години

Hrana.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Светските цени на храната паднаа на најниско ниво во последните три години во февруари, објави денеска Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

Во февруари забележан е пад на цените на сите главни жита и растителни масла што го надомести поскапувањето на млечните производи, месото и шеќерот.

Светскиот индекс на цените на храната за февруари падна од јануарските 118,2 поени на 117,3 поени, продолжувајќи го падот на светските цени на храната што започна во август 2023 година, се наведува на веб-страницата на ФАО. Вредноста на овој индекс е 10,5 отсто или за 13,8 поени пониска во однос на февруари 2023 година.

Цените на житата паднаа за пет отсто на 113,8 поени на месечно ниво поради големата понуда на пазарот и очекувањата за добра жетва на пченка во Јужна Америка, а цените на растителните масла за 1,3 отсто на 120,9 поени. Показателот за цената на млечните производи порасна за 1,1 отсто на деветмесечното максимум од 120 поени, а најмногу пораснаа цените на путерот поради поголемата увозна побарувачка од купувачите од Азија.

Цените на месото, по седум последователни месеци пад, во февруари пораснаа за 1,8 отсто на 112,4 поени, главно поради повисоките цени на живинското и говедското месо. Индексот кој ги следи цените на шеќерот се зголеми за 3,2 отсто на 140,8 поени поради загриженоста за производството во Бразил, Индија и Тајланд.

Можете да прочитате

Сопственикот на TикТок во Кина ја предава мнозинската контрола врз апликацијата на американски инвеститори

Најмалку тројца загинати при нападот во Тајпеј

Гладот ​​во Газа моментално спречен, но ситуацијата е критична