Утрински Весник
Македонија

Трагедија на Прешево: Македонец пукал во жена му па се самоубил

140897 3 S.jpg

Во тешката состојба е 38 годишната жена која вчера беше застрелана на патарина пред Прешево. Во неа пукал 52 годишен македонски државјанин од албанска националност.

Македонскиот државјанин и жената биле во „ауди“ со македонски регистарски таблички. Во еден момент сопатничката излегла од автомобилот и почнала да бега. Мажот излегол по неа испукал неколку куршуми и ја ранил, а потоа се одалечил од местото на настанот. Набрзо се вратил и си пукал во глава.

Тој им подлегнал на повредите, а на пукањето и претходела расправија. Мотивите за обидот за убиство и самоубиство не се познати.

В.Ј. (30) вчера била ранета во пукање на патарина кај Прешево и била оперирана. Таа билa донесен во Универзитетскиот медицински центар Ниш половина час по полноќ во придружба на екипа на Итната медицинска помош од Врање поради здобиените рани од огнено оружје пишуваат медиумите.

По прегледот, констатирани се примарна здравствена заштита и радиолошка и лабораториска дијагностика, повреди на душникот, вратните пршлени и вметнување воздух во градната празнина, како и контузија на белодробното крило од левата страна. На пациентката веднаш ѝ е укажана хируршка интервенција во операционата сала на Ургентниот центар, по што е хоспитализирана на Клиниката за интензивна нега на Универзитетскиот медицински центар во Ниш – соопштија од оваа установа.

Мажот (52) кој пукал во неа е македонски државјанин од албанска националност од Тетово.

Лекарите во Врање се борат за животот на жената

Можете да прочитате

Автобус се запали во Бутел

Сметките за парно во Скопје од 1 август ќе бидат пониски за 3,16 отсто

Бектеши ја објави пораката за кој доби кривична пријава, смета дека станува збор за политички прогон