Руските власти соопштија дека во акција на апсење се убиени членови на огранокот на џихадистичката група Исламска држава (ИД), кои беа осомничени дека подготвувале напад на синагога во Москва.
Акцијата беше спроведена во регионот Калуга, југозападно од главниот град.
Службата за државна безбедност ФСБ објави дека „стави крај“ на активностите на ќелијата на Исламската држава „Хорасан“, регионалниот огранок на ИД, активен во Авганистан, пренесоа руските агенции.
ФСБ објави дека во операцијата запленила огнено оружје, муниција и компоненти за изработка на импровизирана бомба.