Утрински Весник
Македонија

Синдикалната организација при Царинската управа заедно со Гранскиот синдикат донираше опрема за Детската клиника во Скопје

Dsc09577.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Синдикалната организација при Царинската управа – УПОЗ заедно со Гранскиот синдикат УПОЗ, донираше опрема за Детската клиника во Скопје по повод одбележувањето на 8-ми Март – Меѓународниот ден на жените.

Донацијата се состои од мултифункционален монитор кој се користи за следење на виталните параметри на потешко болните деца, како и дигитална вага со висинометар за мерење на телесната тежина и висина на пациентите за одделот на Гастроентерохепатологија. Опремата ќе се користи во секојдневното следење на дечињата кои се лекуваат на овој оддел и имаат потреба од постојана нега.

Членовите на Синдикалната организација при Царинската управа – УПОЗ уште еднаш на дело покажаа дека заложбите имаат колективно, не индивидуално значење и дека хуманоста е темел на вредностите во кои веруваме и за кои се залагаме.

Можете да прочитате

СДСМ: Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ е неуставна

Магла на два патни правци, еден регионален пат ќе биде блокиран од 10 часот

Продор на малку поладен воздух од север, викендов ќе биде постуден