Утрински Весник
Свет

Штрајковите го парализираат сообраќајот во Германија, возовите не сообраќаат, се создаваат огромни колони

20240307104642 Big 730x400 38 1.webp.webp

Комбинација од штрајкови на машиновозачите, персоналот за безбедност на аеродромот и персоналот на „Луфтханза“ го парализираа железничкиот и воздушниот сообраќај во Германија.

Штрајкот на машиновозачите на германските железници „Дојче бан“ (ДБ) (Deutsche Bahn DB) во патничкиот сообраќај почна во два часот по полноќ и треба да трае до петок до 13 часот. Товарните возови не сообраќаат од 18 часот во средата. Прекинот на работа не ги погодува само патниците во меѓуградскиот и меѓународниот сообраќај, туку и оние што одат на работа, со оглед на тоа што штрајкот на железничарите ги опфаќа и градските и приградските возови.

Според потребниот возен ред, во моментот сообраќаат околу 20 отсто од возовите на меѓуградските линии.

Ова е петти штрајк во актуелната рунда преговори меѓу синдикатите ГДЛ и ДБ за колективните договори што почнаа во ноември минатата година. Преговорите пропаднаа минатиот викенд поради спорот за пократка работна недела за машиновозачите.

GDL сака да го намали неделното работно време од 38 на 35 часа со целосна плата.

Можете да прочитате

Избодени неколку лица во Велика Британија: Меѓу повредените има и деца

Железничка несреќа: Воз излета од шините во близина на Волгоград, сто луѓе се повредени

Дарманен: Екстремисти од крајната левица најверојатно стојат зад саботажата на француската железница