Утрински Весник
Македонија
Img 7972

ЦУК: Седум пожари на отворено и поплавени објекти во Прилепско и Битолско

112.webp.webp
300x250 opst2

Седум пожари на отворено се регистрирани во земјава во последното деноноќие, а пожарникарите паралелно гаснеле и пожари и во населени места, соопшти ЦУК. По еден пожар имало во Скопје и Велес, два во Куманово и три во Штип.

Во Прилепско и Битолско имало проблеми од големите завчерашни врнежи дожд, бидејќи за 24 часа наврнале 35 литри дожд. Регионалниот ЦУК Битола, известува дека по пријава добиена на бројот за итни повици 112 за поплавената  куќа и дворно место во с. Пешталево вчера повторно е контактирана Општина Долнени од каде што одговориле дека интервенирале со градежна машина и дека повторно ќе интервенираат. Се работело за поплава од атмосферски води, поточно неможност да истекува по изградба на пат.

ЦУК апелира и потсетува, покрај тоа да не се пали вегетација на отворено и за  редовно чистење на локалните одводни канали согласно нивниот план, да се чистат и одржуваат одводните канали во и надвор од населените места и секако да не се фрлаат отпадоци во каналите.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.

Можете да прочитате

„Не ја политизирајте случката, нема политичко непријателство“ – Доктор Шаини проговори по нападот

Каранфилова-Пановска: СДСМ и Методија Куновски имаат јасна програма за унапредување на културниот живот во Битола

Изградил објект без одобрение и узурпирал дворно место во Национален парк Шар Планина – тетовчанец кривично ќе одговара