Утрински Весник
Спорт

Србија во Топ 10 земји со најсомнителни натпревари

4 03 47 56 Utc Min Min.jpg

Спортрадар, агенција која ги следи и анализира извештаите за обложување и наместени натпревари, го објави својот трет годишен извештај.

Насловен како „Корупција, обложување и местење натпревари во 2023 година“, во извештајот се наведени 1.329 сомнителни натпревари.

Опфатени се 850.000 настани во 70 спортови, од кои во 11 се констатирани неправилности.

Од споменатата бројка од 1.329 сомнителни, лани биле спорни 880 фудбалски натпревари. Следат кошарка (205), пинг-понг (70), тенис (61), е-спорт (46), одбојка (27), крикет (13), ракомет (12), хокеј (8), мал фудбал (6) и снукер (1).

Кога е фудбалот во прашање, место во Топ 10 најде и Србија, заедно со уште четири европски држави: Русија, Казахстан, Чешка и Грција. Намногу сомнителни натпревари имало во Бразил (109).

Во однос на 2022 година, забележан е пораст на сомнителните натпревари во фудбалот, за три проценти (од 64 на 67), односно 103 натпревари.

Можете да прочитате

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига

Јамал потпишува нов договор со Барселона со откупна клаузула од милијарда евра

Синер ја одведе Италија до полуфиналето на Дејвис купот