Утрински Весник
Свет

По Трамп, и Бајден ги повика поддржувачите на Хејли да гласаат за него

1706512612 Unnamed File.webp.webp

Претседателот на САД Џо Бајден излезе со изјава по повод одлуката на Ники Хејли да ја напушти трката за претседателски кандидат од Републиканската партија, повикувајќи нејзините поддржувачи да се придружат на неговата кампања.

-Доналд Трамп даде до знаење дека не му се потребни поддржувачите на Ники Хејли. Сакам отворено да изјавам дека за нив има место во мојата кампања, се вели во изјавата на Бајден објавена денеска.

-Знам дека имаме различни гледишта. Но по фундаменталните прашања за зачувување на американската демократија, одбрана на владеењето на правото, меѓусебните односи, пристојноста, достоинството и почитувањето, како и зачувувањето на НАТО и спротивставувањето на непријателите на Америка; се надевам и верувам дека можеме да најдеме заеднички јазик.

Според Бајден, „во денешната Републиканска партија каде малкумина се осмелуваат да ја зборуваат вистината за Доналд Трамп, Ники Хејли беше спремна да ја зборува вистината за Трамп – за хаосот кој секогаш доаѓа со него, за неговата неспособност да го разликува доброто од злото, за неговиот кукавичлук пред Владимир Путин“.

-Сите знаеме дека ова се необични избори, се вели во изјавата.

-И влогот за Америка не може да биде повисок. Знам дека демократите, републиканците и независните имаат различни гледишта по многу прашања и тврдо стојат зад своето мнение. Тоа е добро. Тоа е тоа за што постои Америка. Но знам и нешто друго: тоа што ги обединува демократите, републиканците и независните, тоа е љубовта кон Америка.

Можете да прочитате

Железничка несреќа: Воз излета од шините во близина на Волгоград, сто луѓе се повредени

Дарманен: Екстремисти од крајната левица најверојатно стојат зад саботажата на француската железница

Франција: Сите возови од утрово сообраќаат нормално