Утрински Весник
Македонија

Со евидентирани три нови случаи бројот на заболени од голема кашлица во Скопје се искачи на 141

Picture 251.webp.webp

Бројот на заболени од голема кашлица во Скопје достигна 141 откако претпладнево се регистрирани три нови случаи, потврди доктор Лулзиме Бајрами од Центарот за јавно здравје. Од Комисијата за заразни болести вчера информираа дека најмногу заболени има во Скопје, но дека регистрирани се случаи и во Дебар, Струмица и Тетово. Сепак, според Комисијата не може да се каже дека состојбата на национално ниво се разгорува. Засилување на инспекцискиот надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) за да се види навистина состојбата во градинката со вакцинирани и невакцинирани деца, да се овозможи тестирање за пертусис (голема кашлица) низ целата држава од центрите за јавно здравје за кое досега немаше таква можност, а дигиталната евиденција за вакцинација на децата во вакциналните пунктови да биде задолжителна за подобар преглед, се новите препораки  Комисијата за заразни болести (КЗБ) по нејзиното вчерашно заседавање во однос на спречување на пертусис. Од 15 март се очекуваат и вакцини против пертусис за возрасни, а се предлага и тестирање за голема кашлица  низ цела држава. Вакциналните пунктови во Скопје работат во две смени.

Можете да прочитате

Студено утро со температури и до минус 11 степени

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија