Утрински Весник
Балкан

Во Србија стапи во сила Правилникот за регистрација на тротинети, од 15 јуни задолжителна налепница

Zena na elektricen trotinet.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Сопствениците на електрични тротинети во Србија имаат време од 5 април до 15 јуни да ја завршат регистрацијата, по што започнува контролата, изјави Мирко Коковиќ од Агенцијата за безбедност во сообраќајот.

РТС потсетува дека стапи во сила регулативата за регистрација на лесни електрични возила – скутери.

Со правилникот се уредува начинот на издавање, водење евиденција, изгледот и начинот на ставање налепници.

Лесните електрични возила или електрични скутери ќе може да се регистрираат од 5 април, додека на 15 јуни во сообраќај ќе можат да учествуваат само лесни електрични возила со валидна регистрација, изјави Мирко Коковиќ од Агенцијата за безбедност во сообраќајот.

За да се добие налепница потребна е техничка документација од која може да се одреди марката на самиот скутер, максималната номинална моќност на електромоторот што го придвижува, потоа брзината која не смее да надмине 25 километри на час, како и масата на празно возило.

Можете да прочитате

Турските власти уапсија 170 осомничени за врски со Исламска држава

Србија со најнизок мигрантски притисок од 2015 година

Хаос во албанскиот парламент – опозицијата запали бакљи поради обвинувања за корупција