Утрински Весник
Економија

ТИРЗ и ЏЕТРО ќе потпишат меморандум за соработка

MK APONI A.webp.webp

Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони ТИРЗ  и Јапонската организација за надворешна трговија ЏЕТРО ќе спроведуваат заеднички активности за промоција на инвестициски можности меѓу Северна Македонија и Јапонија.

Со меморандумот за соработка, што ќе биде потпишан денеска во Скопје по повод 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатско-економските односи меѓу Јапонија и Северна Македонија, е предвидено и унапредување на соработката на јапонски и македонски компании во повеќе сектори, како и во делот на привлекување на јапонски компании да инвестираат во земјава.

На потпишувањето на меморандумот во Клубот на пратеници  ќе присуствуваат и вицепремиерот задолжен за економски прашања и инвестиции, Фатмир Битиќи и министерот за економија, Крешник Бектеши.

ТИРЗ во следниве три дена е домаќин на јапонска делегација предводена од генералниот директор во јапонското Министерство за економија, трговија и индустрија, Такехико Матсуо и директорот на ЏЕТРО Виена, Татсуо Камино,  а во делегацијата се и претставници на повеќе јапонски компании.

Најавени се средби и со македонски компании членки на Стопанската комора на Северна Македонија.

Можете да прочитате

СДСМ: 1 Мај – ден на борба, а не на празник, го поддржуваме  протестот на работниците

Влада: Попустот на горивата продолжува до 18 мај

Славески: Подготвени сме да одговориме на ризиците и да ја зачуваме финансиската стабилност