Утрински Весник
Македонија

Презентација на резултати од анкета и родово базирана анализа поврзани со онлајн врсничко насилство

Buling.webp.webp

Институтот за човекови права денеска во Скопје организира завршен настан во рамките на проектот „Борба против сајбер-булинг врз девојчињата” финансиски поддржан од Канадската амбасада во Белград.

Целта на настанот, што ќе се одржи во Европска Куќа (Europe House), е да се презентираат резултатите од „Родово базирана анализа на објави на социјалните медиуми поврзани со онлајн врсничко насилство“ и Анкетата на тема „Онлајн врсничко насилство“ спроведена во средните училишта на територија на Република Северна Македонијa.

На настанот, како што е најавено, поканети се претставници на институциите, граѓанските организации и медиумската фела, со цел да се развие дискусија која ќе ги опфати сите аспекти на истражуваните теми.

Можете да прочитате

Најмногу дожд наврнало во Гевгелија

Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжува со нови материјални докази

Скопјанец во Крива Паланка се обидел да измами повозрасна жена за сума од 35.000 евра