Утрински Весник
Свет

Израел го уништил најголемиот тунел на Хамас

Screenshot 2024 03 05 143137.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Израелската армија соопшти дека го уништила најголемиот досега откриен тунел на Хамас во Појасот Газа, јави ДПА. Тунелот со неколку краци, што беше пронајден на север од крајбрежната енклава кон средината на декември минатата година, беше уништен во последните недели, соопшти денеска ИДФ, пренесена од германската агенција. Армијата објави и видео снимки на кои се гледа како делови од тунелот се разнесуваат и војниците фрлаат бетон на други негови делови. ДПА наведува дека оваа информација не можеше да добие независна потврда. Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија низ тунелот можеле да минуваат возила, а самиот имал должина од четири километри и бил на длабочина од 50 метри. Тунелскиот систем се наоѓал на 400 метри од граничниот премин Ерез, меѓу Израел и Газа, но не се наоѓаше на израелска територија, соопшти ИДФ.  

Можете да прочитате

Полицијата на Корзика уби маж кој се заканувал со нож

Брз патнички воз уби седум слонови на пруга во Индија

Либан: Првата фаза од разоружувањето на Хезболах завршува за „неколку дена“