Утрински Весник
Македонија

НАТО –  Индустриски ден во Северна Македонија

Nato.jpg

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска ќе го отвори НАТО –  Индустрискиот ден во Северна Македонија на кој ќе учествуваат високи претставници на двете агенции на Алијансата – НАТО Агенцијата за поддршка и набавки (NSPA) и НАТО Агенцијата за комуникации и информации (NCIA).

Ќе учествуваат и претставници на стопанските комори, голем број македонски компании и претставници на академската заедница.

-Покрај министерката Петровска, на отворањето на Индустрискиот ден  ќе се обратат и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, генералната менаџерка на НАТО Агенцијата за поддршка и набавки, Стејси Камингс, и шефицата за набавки во НАТО Агенцијата за комуникации и информации,  Џенифер Аптон, информира Министерството за одбрана.

 Со членството на Северна Македонија во НАТО се отвори можност за учество на македонските компании на НАТО-пазарот вреден околу 5 милијарди евра годишно.

Со цел поддршка на компаниите во процесот на добивање на потребните сертификати за учество на тендерите на НАТО-пазарот, Министерството креираше Центар за поддршка на компаниите.

-Преку овој Центар се врши упис на економски оператори и се добива потврда за исполнетост на услови за учество во постапките за набавки за потребите на НАТО и земјите членки.

Секоја година по членството во НАТО забележано е зголемување на интересот на македонските компании за упис во евиденцијата за економски оператори.

Ако во 2021 година се впишани осум компании, а во 2022 – 11, минатата 2023 година 21 компанија биле внесени во оваа евиденција, а само во првите два месеца годинава бројот на компании е четири.

Вкупно досега во евиденцијата на економски оператори впишани се 44 компании, соопшти Министерството за одбрана.

Можете да прочитате

Пожарите околу Скопје не беа случајни, туку намерно планирана акција вели Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Дали со тендер од 1,8 милиони евра ВМРО-ДПМНЕ ќе си ја плати кампањата за избори?

Тројна трагедија со предупредување на Фејсбук – Обдукција завршена