Утрински Весник
Балкан

Школски автобус полн со деца излета од патот во Хрватска

Profimedia 0282787809 960x636 2.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Денеска околу 13 часот, школски автобус полн со деца излетал од патот и завршил во ендек. Со десната страна се потпрел на јавен столб, што спречило да се преврти на страна.

Во автобусот имало 20 деца, според полициските извештаи, но во несреќата немаlo потешко повредени, додека на две деца им била укажана помош. Станува збор за полесни повреди, велат надлежните.

„Возилото се преврте и слета во ендек покрај коловозот“, потврдуваат од полицијата, автобусот избегнувал друго возило на локален пат што не се држел до сообраќајната лента и слетал во канал. За среќа, немаше поголема трагедија и децата безбедно го напуштија автобусот, велат од хрватската полиција.

„Не беше голема брзина, а родителите набрзо дојдоа да ги земат децата, па лекарска интервенција немаше“, велат од бјеловарско-билогорската полиција. Децата, од кои повеќето се родени во 2010 година, биле однесени дома во придружба на нивните родители.

Полицијата врши увид на местото на несреќата, по што ќе се знаат повеќе информации за причината за несреќата, јавува „Дневник“.

Можете да прочитате

Турција ѝ донираше на албанската Влада авион „Ербас“, вреден 11,9 милиони долари

Турција приведе 115 осомничени членови на Исламска држава, кои планирале напади за празниците

Силна експлозија пред филијала на банка во Солун