Утрински Весник
Македонија

До сега, Пендаровски е кандидатот со најголема коалициска поддршка

E9ad60fa 2d00 4d85 b8d7 3235a957e45e.jpg

Вкупно седум кандидати успеаја да ги соберат потребните 10.000 потписи за потврда на кандидатурата за претседателските избори напролет.

Од нив, само двјаца, Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова зад себе ќе имаат и поддршка од најмалку 30 пратенички потписи.

Истовремено, сите кандидати зад себе имаат и поддршка и логистика од некоја партија, а таа сега за сега е најширока поддршка од политички партии има Пендаровски.

Денес, беше потврдена поддршката за Пендаровски уште од 12 други политички партии, покрај СДСМ.

Станува збор за традиционалните коалициски партнери на СДСМ, а меѓу нив се и ЛДП, НСДП, ВМРО-НП, Партија на пензионерите, како и неколку партии на етничките заедници на Турците, Ромите, Србите, Власите, Бошњаците…

Следна со широка партиска поддршка е Силјановска Давкова за која застануваат традиционалните коалициски партнери на ВМРО-ДПМНЕ, како Социјалистичката партија, ПОДЕМ, одредени партии на Србите, Ромите, Еѓипќаните.

Поддршка од повеќе од една политичка партија има и Арбен Таравари зад кого застана Коалицијата Вреди, односно опозицискиот блок во електоратот на албанската етничка заедница.

Коалицискиот капацитет е многу важна алатка на изборите, а посебно е вреден во вториот круг на изборите кога токму таа широка меѓупартиска и меѓуетничка поддршка ќе го одреди победникот на претседателските избори.

Можете да прочитате

Речиси 1.000 пожари на возила од 2022 до 2026 година

Мицкоски му ја честита победата на Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија

Пронајде 4.000 евра, но избра да биде чесен – Огнен доби признание