Утрински Весник
Македонија

ЈП „Национални шуми“ од 7 март почнува со штрајк

Ogrev Drva.jpg

Вработените во ЈП „Национални шуми“ од 7 март нема да сечат, ниту да продаваат огревно дрво. Причина за прекинот на работата е штрајк, кој ќе се случи за првпат во „Национални шуми“. Штрајкот, како што соопшти Иван Пешевски, претседател на Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање (СГИП), добил поддршка од две третини од 30 подружници на ова јавно претпријатие во државата.

Прекинот на работните обврски ќе трае сè до исполнување на барањата за исплата на три заостанати плати и другите надоместоци и додатоци. Вработените се гневни што повеќе од една година, не се исплаќа надоместокот за теренска работа. Работниците што се изложени на надворешни влијание и работат во исклучително тешки услови, просечно заработуваат околу 25.000 денари, велат од Синдикатот за градежништво. -Претпријатието пред изборите најде да го реши статусот на 400 лица со трајно вработување. Овие лице и досега работеа како сезонци и ако претпријатието толку се грижеше за нивната судбина, можеше порано да им го реши статусот, а не да ги чека изборите, вели Пешевски.

Можете да прочитате

Ана Котевска освои златна медала на интеранационалната Олимпијада по германски јазик

Влен почнува со формирање на Академија на Албанците за Наука и Уметност

ВМРО ДПМНЕ: Кога следен пат од СДС ќе зборат за наводни криминалци прво нека си заметат во својот двор