Утрински Весник
Свет

Една четвртина од луѓето во Германија и натаму работат од дома

Rabota Od Doma.jpg

И покрај дискусијата за зголемено враќање на работниците на работното место, во Германија во последните две години не е намален уделот на оние кои целосно или делумно работат од дома, соопшти денеска економскиот институт Ифо.

„Бројот на оние кои работат од дома остана речиси непроменет во последните две години. „Работа од дома се етаблира во Германија“, рече Жан-Виктор Алипур од минхенскиот економски институт Ифо, кој го спроведе истражувањето.

Според резултатите од ова истражување, во февруари околу четвртина од вработените работеле од дома целосно или делумно.

Забележливо е дека процентот на оние кои работат од дома е помал кај малите и средни компании. Најмногу вработени, 34,1 отсто, работат од дома во услужниот сектор, а најмал процент има во индустријата (16 отсто) и градежништвото (5,4 отсто).

Многу малку компании размислуваат да се откажат од работата од дома

И покрај фактот што некои големи компании како Дојче банк, како и многу јавни услуги, минатата година почнаа силно да го намалуваат уделот на вработени кои работат од дома, многу од новите правила сè уште дозволуваат барем делумна работа од дома.

„Без оглед на дискусиите во некои компании дали работата од дома сè уште треба да биде возможна или не, таквата работа стана добро воспоставена во Германија“, рече Алипур.

Според наодите на институтот, многу малку компании всушност размислуваат да се откажат од работата од дома. „Никој не негира дека работата во просториите на компанијата е подобра во однос на пренос на знаење, групна креативност и дружење. Сепак, тоа може да се постигне со добро искористување на времето на вработените во просториите на компанијата, и покрај повремената работа од дома, додаде тој.

Работата од дома во Германија се повеќе се воведуваше за време на пандемијата на коронавирус, но по суспензијата на мерките против пандемијата, уделот на оваа форма на работа не се намали.

Можете да прочитате

Маж во Индија се разбудил миг пред кремирањето

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција