Кралицата Камила ќе земе еднонеделен одмор бидејќи се исцрпи од јавните обврски откако беше објавено дека кралот Чарлс боледува од рак
Таа има чист распоред и утре ќе се качи со приватен авион на одмор, а и во наредните недели ќе најде време за семејството.
Седумдесет и шестгодишната кралица ги презеде повеќето службени должности на болниот крал, чија опасна дијагноза беше објавена минатиот месец.
Таа се појави на дури 13 настани откако беше објавена дијагнозата на кралот. Меѓу другото, таа ја посети лондонската куќа Гросвенор на Денот на вљубените и настан посветен на Вилијам Шекспир.
Ќе се врати на 11 март за кога се закажани прославите на Комонвелтот во Вестминстерската опатија, каде ќе го претставува кралското семејство, додека кралот ќе му се обрати преку видео порака.