Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Нормализиран сообраќајот на магистралниот пат Велес – Штип

45234523453444 134334.png
300x250 opst2

Сообраќајот на магистралниот пат А3 Велес – Штип е нормализиран, соопштија од АМСМ, откако од 00.45 часот сообраќајот на магистралниот пат кај раскрсницата за село Милино, се одвиваше наизменично по една коловозна лента. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Филипче: Масовно излезете на 19 октомври, да ја зачуваме Македонија како дом за сите

Мицкоски до Ахмети: Политиките на ДУИ ја испразнија Македонија и го намалија бројот на ученици Албанци

Филипче од Валандово: СДСМ е движење на храбрите кои ја сакаат својата земја