Утрински Весник
Свет

Руско-американски екипаж денска заминува од Флорида кон Меѓународната вселенска станица

79924499 46a8 4cd8 A3a7 C50d1f2b5015 51814201006 E93b98b15e K.webp.webp

Тројца американски астронаути и еден руски космонаут треба денска да полетаат кон Меѓународната вселенска станица (ISS), како дел од редовната ротација на екипажот.

Полетувањето на ракетата Falcon-9 на SpaceX е закажано за 4:16 часот по средноевропско време од вселенскиот центар Кенеди во Флорида, пренесува N1.

Сепак, полетувањето би можело да биде одложено поради временските услови, кои се проценуваат дека се само околу 40 отсто поволни за лансирање.

Капсулата Dragon со астронаути, на врвот на ракетата Falcon-9, веќе беше искористена за четири претходни мисии со екипаж.

Таа капсула овојпат има четворица патници кои се членови на осмиот екипаж, редовна ротациона мисија обезбедена од SpaceX за Американската вселенска агенција (NASA).

НАСА и руската вселенска агенција Роскосмос, кои заеднички управуваат со ISS, воспоставија програма за размена на астронаути, при што секој наизменично превезува член на екипажот од друга земја.

Таа програма се одржуваше и покрај војната во Украина, а ISS сега е еден од ретките примери за соработка меѓу Вашингтон и Москва.

За време на нивниот шестмесечен престој, астронаутите ќе имаат задача да изведат повеќе од 200 научни експерименти.

Можете да прочитате

Трамп именуваше голем број нови кандидати за клучни позиции во неговиот кабинет

Биткоинот достигна рекордни 98.000 долари

Руте итно заминува кај Трамп