Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Денеска сончево и топло, од утре дожд

Vreme.webp.webp
300x250 opst2

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во планинските региони ќе има услови за повремен слаб дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени.

Од УХМР најавија дека во Скопје времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 18 степени.

– Под влијание на нов влажен бран во понеделник попладне и во вторник времето ќе биде облачно, на повеќе места со врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат обилни и поројни со појава на ретки грмежи.

Температурата во вторник ќе биде во опаѓање, а на планините и во некои од повисоките места врнежите ќе бидат претежно од снег, соопштија од УХМР.

Можете да прочитате

Тетовец бесправно градел на територија на НП Шар Планина, доби кривична пријава

Мартин од домашен притвор до бегство и смрт со експлозив во Белград

Серија инциденти меѓу ученици во Скопје – полицијата со три нови случаи на насилство