Утрински Весник
Спорт

Ферстапен во одбрана на титулата тргна победнички на трката за ГН на Бахреин

Screenshot 2024 03 02 205041.png

Актуелниот шампион во Формула 1, Холанѓанецот Макс Ферстапен во одбрана на титулата тргна победнички, откако прв мина низ целта на трката за ГН на Бахреин. Во првата сезонска трка Ферстапен стартуваше од пол-позицијата и без грешка ја извози денешната трка. Возачот на Ред бул немаше конкуренција во трката за првото место. Второто место го освои неговиот клупски колега, Серхио Перез со што комплетираше максимални бодови за Ред Бул по првата трка. Најголем губитник денеска беше Шарл Леклер кој стартуваше како втор, а заврши на четвртата позиција, пред него беше другиот возач на Ферари, Карлос Саинц кој се качи на подиумот. Во топ десет завршија Џорџ Расел, Ландо Норис, Луис Хамилстон, Оскар Пјастри, Фернандо Алонсо и Ленс Строл.

Можете да прочитате

ЗОИ 2026: Британците Стокер и Вестон освоија злато во мешани парови скелетон на Олимписките игри во 2026 година

ЗОИ 2026: Злато и сребро за Холанѓанките на 500 метри брзо лизгање

Вардар убедлив против Работнички, Струга загуби од Силекс