Утрински Весник
Балкан

Нови избори во Белград, претседателството на СНС одлучи

Belgrad.webp.webp

Претседателството на Српската напредна партија (СНС) на денешната седница донесе одлука за одржување нови избори во Белград.

Тоа значи дека белграѓани повторно ќе излезат на гласање, каде ќе ги изберат своите претставници во Собранието на град Белград, потврдија за „Танјуг“.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, претходно денеска изјави дека одлуката за нив ја носи Претседателството на СНС, но и дека има совети за нив на таа тема.

„Но, многу е важно да се оди на нови избори. Подобро е да се изгуби власта отколку да се учествува во кражба каква што ја виде Србија во 2008 година“ рече Вучиќ, додавајќи дека е важно да се негува демократијата заради себе.

– Мислам дека на Србија и е потребен Белград, како и Белград на Србија, Белград кој ќе работи и гради и кој брзо ќе оди напред, а не како што некои би сакале да се движи од криза во криза.

Можете да прочитате

Детали за експлозијата во Хрватска: Бомба му експлодирала во рака на забава – Почина 25-годишник, четири лица, меѓу кои и малолетничка, се тешко повредени

Голем протест на пензионерите во Атина

Притвор е побаран за сите уапсени поради трагедијата во Нови Сад, меѓу нив и поранешен министер