Утрински Весник
Македонија

НСДП: Стево Пендаровски е државник со визија за иднината на државата, НСДП ја поддржува кандидатурата за втор мандат 

Logonsdp2005.jpg

НСДП ја поддржува кандидатурата за втор претседателски мандат на актуелниот претседател на државата Стево Пендаровски.

Пендаровски во овие пет години покажа дека е државник кој има знаење, умешност и визија да донесува државнички одлуки во интерес на меѓународното интегрирање на државата и обезбедување на стабилна иднина на граѓаните на Република Северна Македонија.

Пендаровски е пред се’ човек кој има прогресивни идеи, претседател кој има визија за иднината на државата, а Северна Македонија е интегрирана и обезбедена во евроатлантските структури, меѓународно почитувана држава, која седи на иста маса со големите светски држави.

Претседател во чиј мандат Северна Македонија стана полноправна членка на НАТО и сега кога има војна на 800км од нашата граница, ние сме стабилна и безбедна држава.

Претседател кој секогаш имаше став за сите битни политички прашања, прв го соопштуваше и на граѓаните им ги предочуваше добрите и лошите страни.

Претседател кој работи отворено, транспарентно, а претседателската вила е место кое граѓаните можат да го посетат и да разговараат со претседателот за важни прашања за нив и за државата.

Стево Пендаровски е пред се’ човек кој остана близок до граѓаните, остана лојален на принципите на отпорот и на шарената револуција, беше носител на листа и пратеник кој донесе победа во изборната единица 1 и беше еден од предводниците на опозицијата за рушењето на режимот на ВМРО-ДПМНЕ предводено од бегалецот Груевски.

Стево Пендаровски е човек за кој највисоки вредности се слободата и демократијата и како Нова социјалдемократска партија (НСДП) сметаме дека заслужува втор претседателски мандат и ја има нашата целосна поддршка.

Можете да прочитате

УХМР со најнова прогноза – еве какво ќе биде времето следната недела

Во Собранието доделена државната награда „22 Ноември“ – Авзи Мустафа и Африм Османи добитници

Изложбата „Украина Љубов и Војна“, сведоштва за животот во Украина 2014 – 2024