Утрински Весник
Македонија

Ковачевски од Рим: Со СДСМ членството во ЕУ до 2030 година е амбициозна, но достижна цел

Kovachevski1 1.jpeg

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, во рамки на работната посета на Рим, Италија, присуствиваше и се обрати на заедничкиот настан на Италијанската социјалистичка партија и Италијанската демократска партија во соработка со Европскиот форум за деморактија и солидарност и ЦИЕ Мрежата за родови прашања.

На настанот каде присуствуваа и Бојан Маричиќ, секретар за меѓународна соработка и прв заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија како и Бисера Костадиновска – Стојчевска, потпретседателка на СДСМ и министерка за култура, претседателот Ковачевски говореше за прогресивните политики кои ги имплементира СДСМ, а кои се посветени на унапредување на демократијата, социјалната правда, економскиот развој и благосостојба на граѓаните и секако политиките за родова еднаквост за која СДСМ е предводник во Северна Македонија.

Во обраќањето, тој се осврна на политиките на СДСМ кои овозможија позитивни резултати изминативе години. „Кога зборуваме за социјална правда, мора да посочам дека дека ја зголемивме социјална помош за 300%, ги зголемивме пензиите за 50%, ја намаливме невработеноста од 25% на 12,8%, ги зголемивме платите, и тоа минималната плата четири пати, просечната плата 70%, го зголемивме бројот на вработени, ги удвоивме странските инвестиции и ги поддржавме домашните компании и инвеститори. Ова се резултати на влада што враќа пари назад кај граѓаните, а не се фокусира на градење патриотски споменици кои го билдаа егото на авторитарниот режим како што го имавме 11 години” посочи Ковачевски во обраќањето.

Претседателот Ковачевски воедно се осврна и на фактот дека по доаѓањето на СДСМ на власт, кај сите параметри за демократски напредок се бележи напредок, како што е и фактот дека од 118 место, денес сме на 38 место во однос на слободата на медиумите.

Говорејќи за заложбите на СДСМ за унапредување на родовата еднаквост, претседателот Ковачевски истакна дека во неговиот мандат како премиер, 50% од министрите од редовите на СДСМ беа жени, нешто што досега ниту една Влада не успеала да го постигне. Претседателот Ковачевски истакна дека се залага за понатамошно унапредување на застапеноста на жените во политиката, но и во останатите сфери на општествено делување, бидејќи родовата еднаквост е еден од темелите на социјалдемократските прогресивни политики кои ги спроведува СДСМ.

Претседателот Ковачевски, посочи дека СДСМ, како државотворна и прогресивна партија ќе продолжи да испорачува прогресивни и проевропски политики, и со таква програма и ќе настапи на претстојните избори годинава. Тој посочи дека СДСМ останува посветена на реформите кои ќе обезбедат европска иднина за граѓаните на Северна Македонија, и ќе продолжи да се залага за имплементација на Планот за раст кој ќе помогне за што побрза интеграција на регионот во единствениот европски пазар.

„Членството во ЕУ до 2030 година е амбициозна, но достижна цел” посочи претседателот Ковачевски пред присутните учесници на заедничкиот настан на Италијанската социјалистичка партија и Италијанската демократска партија во соработка со Европскиот форум за деморактија и солидарност и ЦИЕ Мрежата за родови прашања.

Можете да прочитате

Полицијата ќе ја проверува работата на „Државна лотарија“

Камбовски: Невозможно е да постојат две национални академии во една држава

СДСМ: Божиновска и Мицкоски да кажат каде се 1 милион евра?