Утрински Весник
Свет

Огромен штрајк го парализираше јавниот превоз во над 70 градови во Германија

444981550jpg.jpeg

Јвниот транспорт во десетина германски градови и денеска беше парализиран, во екот на вториот круг штрајкови на синдикатот Верди.

Автобусите, метрото и трамваите во повеќе од 70 градови и рурални области низ земјата запреа или беа сериозно нарушени поради штрајковите, кои започнаа во многу области во четвртокот.

Штрајковите во Берлин завршија во 14 часот, но може да траат до раните утрински часови во сабота во многу други сојузни држави.

Климатското протестно движење „Во петок за иднината“ изрази поддршка за штрајковите во петокот и повика на национални протести за борба против климатските промени, вклучително и поголеми инвестиции во јавниот транспорт. Верди бара агенциите за јавен превоз да ги подобрат условите за работа за нивните работници низ целата земја.

Во многу германски агенции за јавен превоз особено недостасуваат квалификувани возачи на автобуси. Работниците бараат и подобри плати во некои германски сојузни покраини.

„Многу сме задоволни“, изјави портпаролот на Верди за автобуски и железнички транспорт, Андреас Шакерт за ДПА во петокот попладне.

Тој посочи дека успешни биле и заедничките протести со движењето „Во петок за иднината“.

„Работевме заедно во многу градови и покажавме дека не е само мала интересна група на работници кои се борат за своите права, туку дека ни требаат атрактивни работни услови за сигурен и атрактивен јавен превоз“, рече тој.

Не се знае дали во блиска иднина треба да очекуваат нови штрајкови во јавниот превоз, бидејќи наскоро треба да се обноват преговорите.

Можете да прочитате

Блинкен: Ракетата што го погоди Голан била лансирана од Хезболах

Нетанјаху: Терористите на Хезболах убија деца, ќе платат висока цена

Северна Кореја предупреди на целосно уништување на непријателот во случај на војна