Утрински Весник
Спорт

Верстапен освои пол-позиција пред трката во Бахреин со која стартува новата сезона во Формула 1

F84d4cacbff56c80e69c3a35a36fa7d1.jpg

Актуелниот шампион, возачот на Ред Бул, Макс Верстапен денеска ја освои пол-позицијата пред трката за Големата награда на Бахреин, со која стартува новата сезона во Формула 1.

Верстапен постигна резултат од 1:29.179 минути и со тоа стигна до 33-та пол-позиција во кариерата.

Второто место го освои возачот на Ферари, Шарл Леклер со заостанување од 0,228 секунди, додека трет беше Џорџ Расел во Мерцедес, кој беше за 0,306 секунди побавен од Верстапен.
Четврти беше вториот возач на Ферари, Карлос Саинц, а петти вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез. До десеттата позиција се и Фернандо Алонсо, Ландо Норис, Оскар Пјастри, Луис Хамилтон и Нико Хулкенберг.

Првата трка во новата сезона во Формула 1, Големата награда на Бахреин, на програмата е утре од 16 часот.

Можете да прочитате

Бекам заработи 25 милиони долари за време на Светското првенство во 2026 година, Шакира 20, Бибер 16 милиони долари

По тепачката во финалето Аргентинец заминува од Атлетико Мадрид

ФИФА отвори истрага против Аргентина