Утрински Весник
Свет

Тројца мртви во воздушен напад, за кој се верува дека го изврши Израел во Сирија

20240301144509 big 730x400 10.webp.webp

Три лица се убиени, а седуммина се ранети во денешниот воздушен напад врз куќа во близина на сирискиот пристанишен град Баниас. За нападот  се верува дека го извршил Израел, јави ДПА, повикувајќи се на свои извори во локалната болница.

Според Сириската опсерваторија за мониторинг на човекови права со седиште во Лондон, во куќата имало членови на проиранска милиција.

Израелските воздухопловни сили постојано бомбардираат цели во Сирија за да го спречат ширењето на военото влијание на иранските борци во земјата, забележува ДПА.

Можете да прочитате

Техеран најавува напредок во индиректните разговори со САД

Зеленски: 2.000 украински деца се вратени од руско заробеништво

Петмина млади загинаа во пожар во магацински простор на станбена зграда во Шпанија