Утрински Весник
Македонија

Битиќи: Платите во здравството пораснаа за 70 отсто од 2016 до 2023

Bitici 696x462 1.jpg
Dik 300x250 mk

Платите во здравството во 2016 година беа 24.829 денари, додека во 2023 просечната плата во здравството изнесуваше 42.379 денари покачување од 70 отсто, покажува инфографикот кој вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи го сподели на социјалните мрежи.

„Наставниците, професорите, здравствените работници, полицајците и војниците беа сведоци на зголемување на платите како никогаш досега. Бројките сами по себе зборуваат за нашите достигнувања во подобрувањето на благосостојбата и условите за работа“ напиша Битиќи.

Висок раст на платите има и на универзитетите, каде од 27.789 денари, платата е покачена на 51.563 денари, раст од 85 отсто.

Во Армијата платите од 24.605 денари се покачени на 43.141 денар, додека во полицијата од 31.353 на 44.367 денари.

Можете да прочитате

Несреќата кај Плетвар во која загинаа две лица се случила при претекнување, соопшти Обвинителството

Плетвар црна сообраќајна точка – Доктор Лазаров сведок на страшната несреќа: 15 години лекар, вакво нешто немам видено

Издавачката куќа Бегемот објави нов роман од реномираниот новинар Ѕвездан Георгиевски!